Коларов од Рома мина во Интер

Српскиот фудбалски репрезентативец Александар Коларов мина од редовите на Рома во Интер, објави во вторникот на својата официјална веб-страница миланскиот клуб.

Рома, пак, на својата интернет страница објави дека Интер ја платил почетната сума од 1,5 милиони евра за 34-годишниот фудбалер кој покрај тоа ќе добива и бонуси до 500.000 евра.

Коларов постигна 19 погодоци и впиша 20 асистенци во 132 мечеви во сите натпреварувања за Рома во чиишто редови дојде од Манчестер Сити во 2017 година. Во дресот на манчестерските „Граѓани“, каде мина седум сезони, осви две титули првак на Англија. Претходно играше за Лацио од 2007 до 2010 година со кој освои два Купа на Италија.

Интер, кој минатата сезона стаса до финалето на Лига Европа, има шампионски амбиции и сака да ја прекине речиси децениската доминација на Јувентус во Серија А. „Нераѕурите“ новото италијанско првенство ќе го започне на 26-ти септември против Фиорентина.