Во Црна Гора првпат над 200 коронаинфекции во еден ден

Црногорски здравствени власти забележаа во вторникот 216 новозаразени со коронавирусот, што е нов дневен рекорд кој црногорските епидемиолози го очекуваа по политичките масовни митинзи пред и по парламентарните избори на 30-ти август.

Како што соопшти црногорскиот Институт за јавно здравје, во последните 24 часа се тестирани 839 лица и секое четврто имало позитивен наод.

Регистрирани се и три смрни исхода кај позитивни пациенти, па од почетокот на епидемијата во Црна Гора починаа 112 лица.

Вкупниот број активни случаи во моментов изнесува 1.451 лица, штое 230 на 100.000 жители, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Црногорските епидемиолози во понеделникот соопштија дека политичките собири на власта и опозицијата, на кои и покрај забраната се собираа и по неколку десетици илјади граѓани, ќе резултираат со остар раст на бројките на заразените со коронавирусот следните денови.