Чешка првпат забележа над 1.000 коронаинфекции на дневно ниво

Чешките здравствени власти во средата известија за 1.164 нови случаи на зараза со коронавирусот, што претствува рекорден дневен скок на бројот на заразените во оваа земја.

Од почетокот на септември дневниот број случаи на зараза со коронавирусот во Чешка се движеше над 500, што е речиси двојно повеќе од двениот рекорд во март кога беа забележани 377 случаи.

Чешките власти, кои делуваа брзо и воведоа карантински мерки во март за да го спречат ширењето на вирусот, сега сакаат да ја избегнат оваа мерка откако тамошната економија забележа пад од 11 отсто во периодот од април до јуни на годишно ниво.

Во моментов порастот на бројот на нови случаи во Чешка е меѓу најбрзите во Еропа. Стапката на заразе во последните две седмици побрза била само во Шпанија, Франција, Малта, Романија и Хрвтаска, според податоците кои ги обработува агенцијата Reuters повикувајќи се на бројкоте од Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ECDC).

Меѓутоа, бројот на починатите во Чешка остана понизок отколку во другите европски земји. До средата забележан е 441 смртен исход од вкупно 29.877 случаи на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата.

Минатата седмица е зголемил бројот на хоспитализирањата, но тој и натаму е двојно помал од претходните нивоа. Чешката влада наведува дека многи од новите случаи се асимптоматски и меѓу помладата популација.