
Грција е на врвот на листата на земји во Европа по смртноста како последица од употреба на дрога. Грчкиот црн пазар е преплавен со кокаин и други дроги. Грчките здравствени власти посочуваат дека тоа е проблем на целото општество и дека статистиките се поразувачки.
Според истражување на Центарот за лекување на зависности, последните години грчките наркомани често ја употребуваат убиствената супстанца наречена „кокаин на сиромашните“.
Во последните неколку години во полиција нагло се зголемиле и поплаки од млади девојки, дека во ноќните клубови во пијалокот се става „дрога за силување“. Жртвите немаат никакви сеќавања од последните неколку часа.
И покрај кризата, државата доделува средства за отворање нови центри за лекување на наркомани.
Многу невладини огранизации во Грција ги засилија своите активности меѓу учениците со различни кампањи, со кои ги предупредуваат за тешките последици од наркоманијата, пренесоа медиумите.