Македонците и натаму меѓу оние со најголем број позитивни случаи на враќање во Германија

Откриени се околу 1200 позитивни случаи на Ковид-19 меѓу патниците што се враќаат во Германија откако се воведени бесплатните ПСР-тестирања, објави Ди Велт.

На германските аеродроми се воведени пунктови за бесплатно тестирање од коронавирус за патници кои доаѓаат од ризични земји и региони.

Според Министерството за социјални работи, повеќе од 140.000 луѓе дале примероци на аеродромите во Штутгарт, Баден-Баден и Фридрихсхафен, на главната станица во Штутгарт и авто-паркинзите во Нојенбург (А5) и Кементал (А8), како што се „Штутгарт Нахрихтен“. Повеќето од позитивните биле на враќање од Косово, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Шпанија или Турција.