Европската унија и Кина потпишаа во понеделникот, во пресрет на самитот, билатерален договор за заштита на 100 производи со европска ознака на географското потекло и 100 производи со кинеска ознака на географското потекло.
„Европските производи со ознака на географското потекло се познати по своите квалитет и разновидност, и е важно да бидат заштитени на ниво на Унијата и на глобално биво, за да се гарантира нивната автентичности и да се зачува нивниот углед. Покрај тоа што ќе придонесе за постигнување на оваа цел, овој договор ќе ги зајакне нашите трговски односи, од што полза ќе има нашиот земјоделско-прехранбен сектор и за потрошувачите од двете страни“, изјави еврокомесарот за земјоделство и рурален развој Јануш Војчековски.
Кина во текот на минатата 2019 година беше третата дестинација за земјоделско-прехранбените производи од ЕУ, а вредноста на производите извезени на кинескиот пазар достигнала 14,5 милијарди евра. Кина истровремено е и втората по ред извозна дестинација за производите од ЕУ кои се заштитени како ознаки на географски потекло.
На листата на ЕУ на ознаки на географското ппотекло кои ќе бидат заштитени во Кина, меѓу другите се наоѓаат и препознатливите производи како што се: „Cava, Champagne, Feta, Irish whiskey, Münchener Bier, Ouzo, Polska Wodka, Porto, Prosciutto di Parma и Queso Manchego“.
По потпишувањето и добивањето на согласноста од Европскиот парламент, следува официјално носење на договорот во Советот. Се очекува дека ќа стапи на сила веќе на почетокот од 2021 година.
Во рок од четири години откако ќе стапи на сила, договорот ќе биде проширен така што ќе опфати уште 175 ознаки на географското потекло од двете страни. За тие ознаки ќе мора да се спроведе истата постапка како и за стотината кои веќе се опфатени со договорот.
Во понеделникот подоцна ќе се одржи состанокот на врвот меѓу ЕУ и Кина преку видео-комференциска врска. Со кинеските челници во името на Унијата ќе разговараат претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, челничката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен и германската канцеларка Ангела Меркел чијашто земја претседава во моментов со Советот на ЕУ.
Самитот требаше да се одржи во Лајпциг со присуство на челниците на сите 27 земји членки на ЕУ и нивните кинески колеги, и требаше да биде еден од централните настани на германското претседавање со Советот на ЕУ. Меѓутоа, поради пандемијата на коронавирусот се одружува преку видо-конференција и во потесен формат.
На дневен ред на разговорите се тешките преговори за договорот за вложувањата, чиешто постигнувае до крајот на оваа година Кина го смета за можно. Овие преговори траат веќе седум години. ЕУ сака нејзините компании да може да работат во Кина под еднакви услови коишто важат и за кинеските претпријатија на нејзината територија.