
Тренерот на македонскиот ракометен шампион Металург, Лино Червар, истакна дека се пред голем предизвик, бидејќи групата во која се паднаа за новата сезона во Лигата на шампионите воопшто не е лесна, но и дека тимот повторно ќе се бори за место меѓу најдобрите во Европа.
„Групата воопшто не е лесна Имаме две екипи кои се фаворити, Кил и Пари Сен Жермен. И двете се засилија за новата сезона и очекувам дека ќе играат главна улога во нашата група. Останатите четири, меѓу кои е и Металург, ќе водат вистинска војна за позициите кои водат во осминафиналето. Како квалификант ја очекувам екипата на Брест Мешков, особено што турнирот ќе се игра во Брест. Наша прва цел е да обезбедиме пласман во осминафиналето. Нема да ни биде лесно, но јас секогаш, сум оптимист“, изјави Червар.