Во Словенија 104 нови случаи на коронавирусот, нема нови починати

Во Словенија во последните 24 часа со изведените 3.070 тестови потврдени се 104 нови случаи на заразата со коронавирусот а ниту еден нов смртен исход, соопшти во четвртокот владата во Љубљана.

Бројот на новозаразените е малку помал од ден претходно, кога имаше 123, што беше рекорден дневен број од почетикот на епидемијата во Словенија. Меѓутоа, владата и епидемиолозите и натаму оценуваат дека ситуацијата е многу сериозна, па во четвртокот попладне ќе се дискутира за нови мерки за стивнување на вториот бран на епидемијата.

Вкупниот број потврдени зарази од почетокот на епидемијата сега се зголемил на 4.058, од што моментално се актвини 1.026, а во болниците се 62 пациенти, од кои 11 на одделите за интензивна нега а повеќето се на респиратори. Во последните две седмици во Словенија не се регистрирани нови смртни случаи како последица на Covid-19, па бројот на починатите останува 135.

Во последните седум дена во Словенија со малку повеќе тестирања од претходно потврдени се 642 новозаразени, а ндевниот број на заразите во последните десет дена е за тројно зголемен. Здравствените власти особено ги загрижува остриот пораст на хоспитализираните пациенти, поради што е одреден реорганизација и прилагодување на здравствените институци,а се подготвува отворање на уште едн „ковид оддел“.

Извори на новите зарази и натаму се локалните контакти, а коронаинфекции се потврдени и во училиштата и во детските градинки, домовите за стари лица, во работни организации, но и во здравствениот систем.

Како што пренесуваат медиуми, владата по препорака на епидемиолозите ќе прифати мерки како што се натамошно намалување на дозволениот број лица во група на најмногу десет лица, а веројатно и ограничување на работното време на локалите и гостилниците до 22 часот. Меѓутоа, нема да има нови радикални мерки како што е затворањето на меѓуопштинските граници, како што беше пролетта во првиот бран на епидемијата.

Владиниот портпарол Јелко Кацин изјави за медиумите дека училишните установи и натаму без оглед на појавувањето на коронавирусот во образовниот систем, ќе работата според програмата за работа во училниците кој е на сила од почетокот на годината, а само класовите во кои е потврден вирусот ќе бидат издвојувани и ќе останат во изолација десет дена.

„На училиштата добро им оди само околу еден отсто од учениците во моментов се исклучени од наставата во училници и за нив наставата се одвива на далечина“, рекол Кацин.

Додал дека граѓаните треба стриктно да се придржуваат на веќе донеените мерки, како и дека владата размислува и за препораката за задолжиетлно носење заштитна маска за лицето и на некои отворени јавни просто, како што се пазарите доколку ширењето на вирусот во вториот бран оваа есен продолжи со несмален интензитет.

Според изјавите на министерот за здравство, Томаж Гантар, епидемиолозите оценуваат дека за управување со вториот пран на епидемијата и израмнувањето на епидемиолошките криви во Словенија ќе бидат важни деновите до крајот на оваа и на следната седмица.