Американскиот претседател Доналд Трамп му нудел помолување на основачот на разобличувачкиот ресурс WikiLeaks, Австралиецот Џулијан Асанж, доколку откриен кој стои зад хакерсиот упад во серверите на Националниот комитет на Демократската партија (DNC) пред претседателските избори во 2016-та, беше објавено на судот во Лондон.
Ваквите тврдења беа изнесени уште во февраури годинава, кога Едвард Фитцџералд, адвокатот на Асанж, објави дека постои писмо од 2017 година со спомената понуда.
Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, тогаш ги отфрли ваквите тврдења. „Претстедателот одвај слушнал за Дана Рорабахер, освен дека е поранешен конгресмен. Никогаш не разговарал со него за тоа или ниедна друга тема. Ова е целосна фабрикација и тотална лага“, изјави тогаш.
Адвокатката на Асанж, Џенифер Робинсон, изјави дека присуствувала на состанок на кој републиканските претеставници Дана Рорабejкер (Рорабахер) и Чарл Џонсон, соработник близок на кампањата на претседателот Доналд Трамп, ја изнеле споменатата понуда уште во 2017 година.
Робинсон изјави на судот во Лондон дека Трамп го одобрил состанокот и дека Рорабејкер подоцна ќе се сретне со претседателот за да разговара за реакцијата на предложениот договор. Според неа, договорот на Асанж му бил претставен како решение со кое сите добиваат и кое ќе му овозможи да продолжи со својот живот, а дека за возврат Трамп ќе има политичка полза.
Досега неидентификувани хакери успеале да украдат од компјутерските системи на DNC електонска комуникација којашто ја проследија до организацијата WikiLeaks, којашто, пак, на интернет објави илјадници од тие документи. Од преписката меѓу највисоките партиски функционери и изборниот штаб на Хилари Клинтон, стана јасно дека наместо својата неутралност DNC, активно барал начини како во првата фаза од внатрепартиските избори да се поддржи Клинтон на штета на нејзиниот главен ривал за партиската претседателска номинација сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс. Преписката содржеше силно компромитирачки материјал, меѓу кои и упатства со уредници на влијателни медиуми како да се омаловажува левичарската опција на Сандерс и како да се фабрикуваат скандали на негова сметка. Исто така, беа споменувани и начини за влијание врз одредени целни групи гласачи.
Поради овој скандал принудена да поднесе оставка беше претседателката на DNC, Деби Васерман-Шулц.
Хилари Клинтон, сепак, ја доби номинацијата на демократите, меѓутоа иако беше фаворизирана и во медиумите во САД на крајот беше изенадувачки поразена од републиканскиот противкандидат, актуелниот американски преседател Доналд Трамп. Републиканецот победи со поддршката од 304 членови на ткн Изборен колеџ, додека демократката освои 227 електорски гласови. Истовремено, според бројот на апсолутните гласови Клинтон освои 48,07, отсто наспроти 45,99 отсто кои гласале за Трамп, што укажуваше на предност од речиси три милиона гласови. Меѓутоа, подоцна по уважувањето на жалбите во некои сојузни држави, се покажа дека многу од гласовите кои ги добила демократската кандидатка биле неважечки, односно биле на лица кои немале право на глас.
Американските разузнавачки служби и денеска тврдат дека тој хакерски упад го извеле руските разузнавачки служби кои сакале да влијаат врз американскиот изборен систем на штета на Хилари Клинтон , ако тоа не беше докажано ниту со двегодишната истрага на специјалниот обвинител на САД, Роберт Мјулер.
„Предлогот што го изнесе конгременот Рорбахер, бил Асанж да го идентификуван извор во замена за некој вид помилување“, изјави Робинсон во Лондон.
Сега 49-годишниот Асанж се бори против екстрадиција во САД каде се товари за кршење на законот за шпионажа. Асанж, обвинет за сексуално вознемирување и силување во Шведска во 2010 година, од јуни 2012 година се криеше во амбасадата на Еквадор во Лондон, тврдејќи дека станува збор за лажни обвиненија чија цел е да биде префрлен во САД каде што му се заканува обвинување за предавство и шпионажа. На 11-ти април 2019 година, тој беше протеран од еквадорсакта амбасада и приведен по барање на САД. Судот во Лондон го прогласи виновен за кршењето на условите за кауцијата под која беше пуштен да се брани од слобода, и го осуди на 11 месеци затвор. Расправата за екстрадикција започна на 2-ри мај минатата година.
Американските власти изјавија кон крајот на мај годинава дека покренале ново обвинение против Асанж по 17 точки за кршење на законот за шпионажа и откривањ класифицирани информации. Доколку биде екстрадиран во САД, Асанж се соочува со затворска казна до 175 години.
Речиси десет години откако неговата интернет страница WikiLeaks го разгневи Вашингтон со објавување на стотиците илјади документи за војните во Ирак и во Авганистан, како и за дипломатската преписка во која се навредуваат светските челници меѓу кои и сојузниците на САД, судот во Лондон ги започна сослушувањата, во присуство на Асанж, за да донесе одлука за негово евентуално израчување на САД. Австралиецот стана светски славен кога WikiLeaks објави доверлива воена снимка од напад на американски борбен хеликоптер „Apache“ во Багдад во 2007 година, кога се убиени десетици цивили, меѓу нив и двајца вработени во новинската агенција Reuters. Подоцна следеа и други прикривани воени и дипломатски документи, кои открија потценувачки однос на американските челници за светските челници, вклучително и за американските сојузници.