Белорусија го обвини Советот за човекови права при ОН за мешање во внатрешните работи и најавува одговор

Белоруското министерство за надворешни работи ја нарече „опасен преседан“ резолуцијата на Советот за човекови права при Обединетите нации со која на ОН им се дава мандат да ја следат ситуацијата во врска со наводните кршења на човековите права во Болеорисија и го обвини Советот за мешање во внатрешните работи на суверена земја.

Советот за човекови права при ОН ја користеше резолуцијата којашто претходно во петокот ја поднесе Европската унија. Резолуцијата е реакција на задушувањето на протестите во Белорусија по претседателските избори од 9-ти август откако претседателот Александр Лукашенко кој управува со земјата од 1994 година доби надмоќно уште еден мандат што опозицијата и Западот го оспоруваат. Таа е донесена по разговорите во Женева за состојбата на човекови права во Белорусија.

Белорусија се противеше на оваа резолуција, но во моментов не е членка на Советот и не можеше да ја блокира резолуцијата.

Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеј оцени дека споменатата резолуција е „апсолутна измислица“. Покрај тоа, ги коментираше долго најавуваните закани дека Европската унија ќе воведе санкции за Белорусија, посочувајќи дека “одговорот ќе биде неизбежен“.

„Ние, секако, би морале соодветно да одговориме. Тоа ќе биде индивидуални санкци против претставниците на различни структури на ЕУ, како и против претставници на различни земји членки на ЕУ“, изјавил Макеј во соопштението објавено на веб-страницата на министерството за надворешни работи.

Исто така рекол дека одговорот на Белорусијата на можните санкции би можел да влијае врз акредитациите кои се издаваат на претставниците на меѓународните медиуми за да може да работат во земјата.