
Американскиот претседател Доналд Трамп вети во петокот дека до крајот на годината ќе бидат произведени 100 милиони дози од вакцината за Covid-19 и доволно до април следната година за да се вакцинираат 330 милиони Американци, а истовремено здравствените власти повторно повикаа да се теститараат на коронавирусот оние кои биле изложени но немаат симптоми.
„Ќе произведеме најмалку 100 милиони дози до крајот на годината а потоа најверојатно и многу повеќе, стотици милиони дози ќе бидат на располагање секој месец, па до април ќе имаме доволно вакцини за сите Американци“, изјави претседателот Доналд Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа, повторно покажувајќи оптимизам во врска со резултатите од клиничките испитувања на потенцијалните вакцини.
Трамп не наведе притоа кои производители ќе бидат способни да ги испорачаат таквите количества, но двете компании „Moderna“ и „Pfizer“, објавија дека се во третата активна фаза од клиничките испитувања на своите експериментални вакцини. Првата објави дека резултатите ги очекува во ноември, а втората во октомври.
Двете компании потпишаа договори со американската влада за испорака на стотици милиони дози, па американските здравствени власти започнаа подготовки за да може да се складираат и првите пратки ќе ги испорачат уште во октомври, 24 часа откако вакцината ќе ја одобри Агенцијата за храна и лекови (FDA).
Според најавите, вакцината ќе се дава во два наврата во интервел од три до четири седмици.
Достапноста на американската вакцина е важна тема на предизборната кампања за претседателските избори на 3-ти ноември во која демократските кандидат Џо Бајден изјави дека не му верува дека републиканскиот претседател Доналд Трамп истакнувајќи дека вакцината треба да биде одобрена само со почитување на строгите безбедносни стандарди.
Американскиот центар за превенција и контрола на болестите (CDC) во петокот повторно започна со советувањата Американците да се тестираат дури и доколку само биле изложени на вирусот иако немаат симптоми.
Кон крајот на август, јавноста во САД беше шокирана кога CDC објави упатства оние кои немаат симптоми на Covid-19 не мора да се тестираат. Пред 24-ти август CDC на тестирање ги поттикнуваше сите кои биле во контакт со вирусот, а тоа сега повторно го советува, по повлекувањето на измените воведени пред три седмици.
„Враќањето на пристапот темелен на науката на CDC е добра вест за јавното здравје и за нашата обединета борба против оваа пандемија, соопштио Томас Фил, претседател на здружението IDSA на лекари и стручњаци за заразни болести.
Властите на сојузните држави кои ги водат демократите во август тврдеа дека одлуката на CDC да се советува тестирање само на оние кои имаат симптоми, наводно е донесена поради желбата на Трамп пред изборите на 3-ти ноември да се намали дневниот број на новозаразените со коронавирусот. Тие алудираа на изјавата на Трамп од јуни кога рече дека масовното тестирање е „меч со две сечила“, бидејќи тоа прави САД да имаат полоши податоци од другите држави.