
Уште 321 случај на зараза со новиот коронавирус е потврден во саботата во Босна и Херцеговина, а седум од заразените лица починале во изминатите 24 часа, соопштија ентитетските заводи за јавно здравство.
Тестирани биле вкупно 1.850 примероци, при што заразата е потврдено кај 238 лица од подрачјето на Федерацијата БиХ и кај 82 лица од Република Српска. Уште еден смртени исход е регистриран на подрачјето на дистриктот Брчко. Подинечно, најголем број новозаразени има во Бања Лука, каде од петокот се регистрирани 30 зарази.
Вкупно од почетокот епидемијата во БиХ регистрирани се 24.913 случаи на заразата од кои, а починале 738 луѓе.
До средината на јули дневниот број на новозаразените во БиХ редовно се движеше околу 300, а само неколку дена овој показател бил помал од 200 лица на дневно ниво.
Ентитетските власти здравствените власти повикуваат покрај придржувањето мерки на заштита од коронавирусот, граѓаните во што поголем број да се вакцинираат за да се заштитат од сезонскиот грип, кој може да предизвика дополнителна компликација, особено кај загрозените возрасни групи.