Спасен давеник на машката плажа во Струга

Вчера попладне околу 17 часот на машката плажа во Струга дваесетгодишнно момче од Кичево почнало да се дави, јавува локалната телевизија „Спектра“.

Благодарение на брзата интервенција на жител од Лабуништа давеникот бил успешно извлечен од водите на Охридското Езеро и реанимиран.

Давеникот веднаш бил пренесе во градската болница во Струга.