
Големиот ривал од англиската Премиер лига, тимот на Ливерпул, излезе како победник во трката по потписот на новопечениот репрезентативец на Англија и стандарден првотимец во дресот на Саутемптон, Адам Лалана.
Фудбалските медиуми на Островот потврдија дека двата клуба пред неколку часа постигнале договор околу веќе најавената преселба на Лалана на “Енфилд”, од продажбата на младиот играч за врска, челниците на Саутемптон очекуваат заработувачка од најмалку 31 мил. евра.
Освен “црвените”, кои успеаа во намерата да ги осигураат неговите услуги, голем интерес за сега веќе поранешниот фудбалер на Саутемптон, покажаа и раководните лица на Челзи, Арсенал и Тотенхем.