Приведен напаѓачот на лекарот од Токсикологија

Триесет и двегодишниот С.И. од Скопје е приведен поради напад врз лекар од Клиниката за токсикологија. Против него Министерството за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава.

Напаѓачот вчера го однел своето малолетно дете на Клиниката за токсикологија, а откако дежурниот лекар му рекол дека детето треба да се однесе на педијатрија, таткото го нападнал лекарот и му нанел расекотини и хематом на главата.

Лекарот бил прегледан во Ургентиот центар, а потоа бил пуштен на домашно лекување.