
По вистинскиот хаос кој се случи денеска во струмичката болница и украдениот мртовец низ социјалните мрежи започнаа да кружат видеа на кои се гледа како група полицајци бркаат група на луѓе и ги тепаат.
Поводот за хаосот засега не е позна, а според неофицијалните информации полицијата ги брка триесетината крадци на мртвото тело.
Инаку триесет луѓе денеска ја скршиле вратата на инфективното одделение во Струмичката болница и го земале пациентот, кој починал, а на кој претходно му бил направен тест за Ковид 19.
Според информациите, пациентот во раните утрински часови бил примен на инфективното одделение како сомнителен случај на Ковид 19 и веднаш му бил земен брис дали е носител на вирусот или не.
Во меѓувреме, неговата состојба се влошила и тој починал. Резултатите од неговиот тест се уште не се готови.
Директорот на општата болница во Струмица за овој случај со украдениот мртовец даде и своја изјава за медиумите.
Струмица лајв pic.twitter.com/5379gaTCCb
— Ристо Разбираш (@luck15c) September 21, 2020