ВМРО-ДПМНЕ, столбот на државноста на Македонија и македонизмот, е предмет на напад на хиените, но ќе ја победи мафијата

ВМРО-ДПМНЕ е столбот на државноста на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е кичмата на македонизмот и оттука ВМРО-ДПМНЕ има една единствена цел, а тоа е победа над мафијата, неправдите и злото наречено власт на Зоран Заев, рече Мицкоски по состанокот на Централниот комитет.

-Јас сум сигурен дека тоа нема да биде едноставно. Ние немаме работа со политичка длабочна, политичка мудрост ниту политичка ширина, туку со мафија. Мафија која уценува, мафија која што притиска, мафија која што тепа неистомисленици, мафија која што поткупува и мафија која што е се, само не политичари. Затоа, ова нема да биде лесна задача, но сите оние кои што се сега дел од структурите на партијата се апсолутно свесни за овој предизвик, и затоа граѓаните во Македонија секогаш имаат очекувања само од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ во минатото ВМРО, се дел од македонскиот идентитет, тие се дел од ДНК на Македонецот  и затоа без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ е опозиција или ВМРО-ДПМНЕ е власт, македонските граѓани имаат очекувања само од ВМРО-ДПМЕ. И затоа ВМРО-ДПМНЕ секогаш од политичките, но и од другите хиени била, е и ќе биде предмет на напад, секој сака да го разниша главниот и носечки столб на македонската нација и македонската држава. Задача на оваа генерација политичари во ВМРО-ДПМНЕ е да ја задржат оваа структура чиста и да се одбранат од политичките хиени, без разлика дали се тие од нашиот политички противник, одвнатре или од некои друг места. Опозицијата во оваа држава е посилна од власта и власта не треба да се плаши од одмазда, туку таа треба да се плаши од правда која порано или подоцна ќе дојде, додаде Мицкоски.