
Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија е на врвот на статистиката според починати лица во регионот.
-Компаративна анализа – број на жители и број на фатални исходи од COVID-19. Бројките говорат повеќе од јасно колку блескаме…
Бугарија 7 милиони жители / 765
Србија 7 милиони жители / 743
Македонија 2 милиони жители / 705
Албанија 2,8 милиони жители / 364
Грција 10 милиони жители / 344
Хрватска 4 милиони жители / 255
Словенија 2 милиони жители / 142
Доколку овие бројки се сведат компаративно на 1 милион жители…ќе стане очигледно дека сме на „врвот” или подобро на дното споредено со сите наши соседи….
Одговорност?! Што беше тоа???, стои во нивниот пост на Фејсбук.