Пренџов: Дали треба да се поддржат скандалите на старо-новите владини кадри?!

Ова влада не само што не е нова, туку е истата која беше на власт последните три години и која новиот мандат го започна со голем финаниски скандал, забележа во вторникот Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието и потпретседател на Граѓанскао опција за Македонија (ГРОМ).

Преџов ја критикуваше Владата, потенцирајќи дека не само што не е нова, туку е истата која беше на власт последните три години.

„Вие заборавате дека сте три години истата Влада, истото раководство. И во ДУИ и во СДСМ и така натаму. Така да отприлика ова е Влада на континуитет, а не е нова Влада“, рече Пенџов оценувајќи дека оваа „нова влада„ не заслужува поддршка.

„И да речеме дека е нова Влада, на што да дадеме поддршка? На бизнис партнерот на Филипче, вонинституционален сега станува заменик министер. Проверете ги земјиштата, проверете ги тендерите, проверете ги сумите, проверете ги куќите, и сѐ ќе ви стане јасно. И тоа треба да го поддржиме? Тој кадар, дали е нов? Не знаеме кој е?“, додаде Пренџов.

Го спомна последниот cкaндал со реализацијата на ШИК Јелак во Тетово, проект во редност од 200 милиони евра, кој Владата го одобри за рекордно време, без притоа никој да побара отчет за истиот.

„Или, пак, што да поддржиме – седум дена по потпишување на коалиција се реализира ШИК Јелак во Тетово. Јавноста виде дека 200 милиони евра е ќарот. Тој ќар ќе оди некаде, дотолку повеќе што слушнавме и телефонски разговори за тоа. И никој од вас како транспарентни, не побара формирање комисија да истражиме дали нешто има тука или нема. На што да дадеме поддршка?“, им порача Пренџов на пратениците од парлаемнтарното мнозинство.