Професорката по уставно право и поранешна членка на Венецијанската комисија, Тања Каракамишева, потсетува дека Уставниот суд девет месеци не се произнесува по иницијативата на 17 професори за уставноста на Законот за употреба на јазиците.
На 19.12.2019 год. заедно со 16 еминентни универзитетски професори поднесовме Иницијатива за оценка на уставноста на Законот за јазиците. Абер нема и од неа! По неуспешен и неефикасен состав на Уставен суд немало. Ако политиката им даде зелено светло ќе постапат, ако не, молчат! pic.twitter.com/Rr991WByDS
— Тања Каракамишева Tanja Karakamisheva (@TKarakamisheva) September 22, 2020
Каракамишева го прашува и новиот министер за правда Бојан Маричиќ кога ќе постапи по забелешките за Законот од Венецијанската комисија.
Прашање до министерот за правда кога ќе ги имплементира забелешките на Венецијанската комисија во Законот за јазиците? Претходниот министер вети дека тоа ќе се случи по изборите, иако не прецизираше по кои избори. Студио?
— Тања Каракамишева Tanja Karakamisheva (@TKarakamisheva) September 22, 2020