Љубе Бошкоски синоќа e примен на Инфективната клиника

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, синоќа е примен на Инфективната клиника поради влошена состојба со Ковид-19.

Бошкоски пред неколку дена рече дека е позитивен на вирусот, и се наоѓа во самоизолација во Челопек, и дека тогаш немал симптоми.

Меѓутоа ситуацијата се влошила, и тој итно синоќа бил примен на Инфективна, но засега нема официјални информации околу неговата здравствена состојба.