Очигледно задоволен од посетата во Белград, специјалниот пратеник на администрацијата на Трамп за дијалог Косово-Србија, Ричард Гренел на Твитер сподели видео на кое се гледа како американската делегација вечера со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.
Гренел покрај видеото напиша: „Србите и Американците во Белград пеат за Алабама и Западна Вирџинија, неверојатна ноќ“.
Serbs and Americans in Belgrade singing about Alabama and West Virginia is an amazing night. pic.twitter.com/PBsojnKUA8
— Richard Grenell (@RichardGrenell) September 23, 2020