
Грчката власт е во дилема што повеќе ќе помогне во борба со коронавирусот, дали самозаштита или карантин.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вели дека го бираат првото.
„Ќе кажам отворено. Дилемата е самозаштита или карантин. И знаејќи ги последиците од второто, должни сме да го избереме првото. Без многу зборови, но со малку постапки, проверени и ефективни: дистанца, лична хигиена, а особено маска, додека да се најде лек и вакцина. Секако, би се осмелил да кажам дека маската е вакцина, додека да дојде вакцината“, вели Мицотакис.
Изјави дека наредните недели ќе бидат одлучувачки за наредните месеци, а можеби и години.
Зголемен е бројот на кревети на Одделенијата за интензивна нега од 557 на скоро 1.000, вработени се околу 6.200 нови болничари и лекари, зголемен е дневниот број на тестови.
Во земјата има 342 нови заразени, а 9 починаа.
Вчера медиумите објавија дека Грција е пред здравствен колапс, и дека нема доволно места во болниците за инфицираните со Ковид – 19.