Авион на спрското воено воздухопловство се урнал во петокот во близина на селото Врасина, во близина на Лозница.
Веста ја пренесоа српските медиуми без притоа да прецизираат повеќе детали за евентуални жртви или повредени.
Во изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, дадена во Турција за ТВ Пинк, вели дека слушнал за несреќата дека се урнал воен „МиГ 21“, но дека во исчекување на подетални информации се надева дека тоа не е точно.
Според сведочењето на жител на Врасина, леталото при падот за малку не удрило во неговата куќа и паднало во дворот.
Исто така, засега нема информации за состојбата на членовите на екипажот и пилотите и точно за кој тип авион станува збор