
Лиса Баута Шаќири, магистар по правни науки и гласноговорник против етничкиот клуч на вработувања кои беа најавени од страна на Владата, во денешното гостување на 24 Телевизија истакна дека албанскиот народ не заслужува да биде деградиран и понижен, одлуката за вработувања по етнички клуч е популистичка.
„Албанскиот народ во Македонија не е народ кој заслужува да биде деградиран и ставен под етнички клуч, па Владата да субвенционира наше вработување“, вели Шаќири.
Шаќири вели дека албанскиот народ и’ донел две нобелови награди на оваа земја, Мајка Тереза и Ферид Мурати, па по тоа ваквото деградирање и потценување е популистички.
Таа посочи дека има доволно квалитетен кадар кој може сам да се вработи и да оди кариерно напред, популистички е затоа што тие си признааваат дека вработувањата по етнички клуч на Алабанците се нивен успех и на нивните политики и вледеење.
-Се сложувам дека во јавниот сектор треба да им застапеност на Албанците, кога разговараме за приватен сектор се сложувам дека треба да се зголеми вработеноста кај Албанците, меѓутоа начинот и пристапот е популистички и за жал предизвикува реакции и од страна на Македонците, критикуваше Шаќири.
Таа вели дека не конкурирала никогаш во животот на некое работно место како Албанка, туку како дипломиран правник и магистар по правни науки, интелектуалците кои имаат добро SV немаат потреба да бидат само една квота, етничката припадност е дел од идентитетот, но не и клуч за вработување.
Шаќири истакна исто така дека невозможно е интелектуалец кој учел во Макеонија да не го познава македонскиот јазик.