17.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

(ВИДЕО) Протест во Бутел, блокирана главната крстосница

Неколку жители на Бутел ја блокираа улицата „Бутелска“ на главната крстосница.

Како што велат протестираат против нереализираното ветување за изградба на Поликлиника во оваа општина.

Велат, бараат во услови на Ковид 19 да имаат поликлиника, во која ќе можат да посетат лекар, која ќе има лаборатории и сите потребни здравствени услуги.