Илјаднции луѓе кои се противат на повторното воведување карантин во Велика Британија, кои ја негираат опасноста од новиот коронавирус и оние кои се противат на вакцинирањето, во саботата протестираа во Лондон, а според медиуми полицијата била принудена да го прекине протестот поради кршење на правилата за социјално дистанцирање на учесниците што довело до судири во кои се повредени повеќе лица.
Меѓу главните говорници бил и поранешниот фудбалер денес еден од најпознатите теоретичари на заговорите Дејвид Ајк. Тој се качил на бината поставена на Трафалгарскиот плоштад гласно извикувајќи „Слобода! Слобода!“ на протестот наречен „Ние не се согласуваме“.
Некои од пораките на истакнатите плакати биле „Не за задолжителната вакцинација“ и „Covid-1984“ со што се алудира на култниот дистрописки роман на Џорџ Орвел под наслов „1984-та“.
„Денеска дојдовме тука јавно да го искажеме индивидуалното и колективното самопочитување. Нема да ја предадеме контролата над своите животи и животите на нашите деца на луѓето како што е министерот за надворешни работи Мет Хенкок. Се наоѓаме среде неверојатната, речиси незамислива, измама“, истакнал меѓу другото Ајк.
Неговиот профил на Facebook е блокиран од мај поради наводно ширење на дезинформации за пандемијата на коронавирусот.
Друга говорничка на собирот, Сенди Адамс, им се обратиле на демонстрантите со пораката дека светските влади сакаат да развијат „капитализам на следење“ во кој „крајната цел е да нѐ спојат со вештачката интелигенција“. „Ако тоа значи фрлање на нашите електронски апарати, можеме ли да го сториме тоа за да го спасиме човештвото“, запрашала Адамс, пренесува Reuters.
На демонстрантите им се обратил и познатиот приврзаник на бројни теори на заговор Пирс Корбин, братот на поранешниот шеф на парламентарната лабуристичка опозиција, Џереми Корбин.
Британските медиуми проценуваат дека на плоштадот Трафалгар се собрале меѓу 10.000 и 15.000 демонстранти кои потоа се движеле кон Хајд Парк. Тие давале изјави за медимите дека се противат на новите ограничувања кои владата ги воведе поради зголемувањето на бројот на случаите на зараза со коронавирусот, како и против можноста повторно населението да биде ставено во карантин. Многу од активистите се убедени дека пандемијата е заговор на властите кои бараат слепа покорност од народот.
Лондонската полиција го испразнила плоштадот по судирот со демонстрантите, при што неколку од нив се повредени, пренесува BBC. Полицијата неведува во соопштение дека морала да ги растури демонстрантите бидејќи не се придржувале на прописот за физичка оддалеченост меѓу нив, ниту носеле заштитни маски за лице, поради што не бидел изземени од правилата за ограничување на собирите на само шест лица.
„Сакаме да бидеме јасни, овој протест повеќе не е изземен од правилата“, објави Скотлан јард на Twitter. Подоцна додаде дека четворица полицајци биле повредени, а 10 прекршители на прописите биле приведени,
Медицинска помош побарел и неколку активисти, против кои полицијата користела палки. Минатата седмица во текот на значително помалиот протест на противниците на карантинот, беа повредени неколку десетици полицајци, а 32 лица беа приведени.
Во Велика Британија во саботата се заебележани нови 6.873 случаи на зараза со коронавирусот, а 34 лица починале. Од почетокот на епидемијата во Кралството се регистрирани над 429.000 случаи на коронаинфекции од кои 41.971 резултирале со смртен исход.
Поради повторниот раст на коронаинфекциите, кои се двожат и до 10.000 на дневно ниво, според процените на Националниот завод за статистика, од минатата седмица во Британија се забранети собири на повеќе од шест лица, но најавените протести се исклучок од правилото сѐ додека учесниците ги почитуваат упатствата за одржување меѓусебно растојание. Британската влада поради влошената епидемиолошка ситуација воведува нови ограничувања за запирање на вториот бран на епидемијат. Досега ограничувањата главно се однесуваа на работата на баровите, пабовите и рестораните, како и правила за носење маски на затворени простори и одржување помали настани. Граѓаните, на кои претходно им беше препорачано повторно да се вратат на работа во канцелариите, сега повторно се повикуваат да работат од дома секогаш кога тоа е можно. И покрај претходните планови, одржувањето на спортските натпревари и натаму ќе бидат без публика, а без посетители ќе се организираат и изложби и конференции.