Македонската економија го допира дното. Зголемени даноци, зголемени давачки, поскапена потрошувачка кошница, но платите никако да се покачат. И покрај КОВИД кризата во регионот платите на граѓаните се качуваат, во Македонија сепак и покрај ветувањето на власта дека ќе се покачи таа за жал стагнира, но даноците значително се качуваат. За овој месец дури сметката за електрична енергија беше покачена за 7,4 oтсто.
Неофицијално според информациите на српска телевизија Б92, за прв пат по долго време просечната плата во Србија надминала 510 евра. Просечната бруто плата за јули 2020 година во Србија изнесувала 83.016 динари (705,92 евра), додека просечната нето плата била 60.029 динари (510,23 евра). Или пак 60.029 динари во денари изнесува 29.914 денари.
За споредба со нашата држава, според податоците на Државниот завод за статистика, кај нас просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2020 година изнесува 27.231 денари. Сепак ова не е најдобрата, затоа што јануарската за 2020 беше 27.540.
Очигледно е дека дури и во Србија имаат повисока просечна плата од граѓаните во Македонија. Граѓаните во Србија имаат повисока плата од Македонците за 2.683 денари. И со овој податок иако пред некое време заедно со Србија и Македонија имаше ниска плата во регионот, сега нашата држава е на дното по просечна нето плата.
Премиерот пред неколку дена за медиумите изјави дека македонската плата ќе продолжи да расте. Но според податоците од регионот очигледно е дека единствено македонската плата никако да се зголеми. „Да обезбедиме подобар животен стандард и да ја намалуваме невработеноста. Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал, со тоа придонесеме во вкупниот раст на економијата. Економија, која е подготвена да одговори на новите предизвици и да понуди шанса за секој“, истакна премиерот Заев на 22 септември.
Поранешниот гувернер на Народната банка, Петар Гошев пред неколку месеци за Радио Слободна Европа, изјави дека платата еден ден ќе достигне 500 евра, но тоа нема да биде во мандатот на оваа влада, а треба да се има предвид дека 500 евра сега и пред четири години не вредат исто. Тој вели дека не се доволни само административни мерки за раст, туку тој треба да биде резултат на растот на продуктивноста и на здрав договор за поделба на профитот меѓу работниците и работодавачите. Има простор за раст, зашто уделот на платите во профитот е понизок од европскиот просек.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагира дека македонските граѓани земаат најниска просечна плата во регионот и една од најниските во Европа.
-Вештачкото покачување на минималната и просечна плата не е доволно. На големо се зборува дека илјадници граѓани кои земаат субвенцинионирана минимална плата го враќаат делот од плата субвенциониран од државата назад кај работодавците, стои во едно од соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ.