Помпео во Солун разговорa за тензиите во источен Медитеран

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе разговара во Солун со шефот на грчката дипломатија Никос Дендијас, првично околу тензиите во источен Медитеран.

Секогаш напнатите односи меѓу Грција и Турција, двете членки на НАТО, дополнително се затегнати годинава заради долгогодишните спорови меѓу кои прашањата за морската граница и правата за трагање на пронаоѓалишта на нафта и гас во источниот дел од Средоземното море.

Помпео пред пристигањето во Грција разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Стонтенберг за како што се вели „деескалација на ситуацијата во источен Медитеран“ и повторно „укажа на значењето на единството во НАТО“.

Помпео е првиот државен секретар на САД кој доаѓа во Солун, во рамки на петдневната посета на Европа која вклучува посета на Италија, Ватикан и Хрватска.

За време на посетата Помпео треба да потпише и билатерален договор за наука и технологија, како и од енергетскиот сектор.

Подоцна денеска тој ќе отпатува на Крит каде ќе ја посети американската воена база во заливод Суд, а се очекува да разговара и со грчкиот премиер Киријакис Мицотакис.