Министрите денеска ќе потпишат Кодекс за етичко однесување

Владата денеска ќе ја одржи седмата седница, на која министрите ќе потпишат Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, ќе се обратат претседателот на Владата Зоран Заев и вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Почетокот на седницата е во 12 часот, а за заклучоците ќе биде соопштено по нејзиното завршување.