Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска го повтори својот став дека при вработувањето треба да доминираат професионалноста и квалитетот, а не етничката припадност.
– Се залагам за конкурентна економија, а во конкурентната економија нема место освен за компетентноста и професионалноста на луѓето, рече Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања околу најавите на вицепремиерот Артан Груби за вработување по етничка основа во приватниот сектор.
Битиќи рече дека како Влада се отворени за секоја афирмативна мерка која ќе го подобри животот на граѓаните, но ако за неа, има постигнато општествен консензус.