Претседателот на Бугарија го распушта парламентот

Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев најави распуштање на парламентот. Тој на 6-ти август ќе постави преодна влада, која ќе треба да раководи со земјата до предвремените парламентарни избори на 5-ти октомоври. Изјавата на бугарскиот претседател доаѓа по финансиската и владината криза кои ја потресоа Бугарија.

„Во овој парламент повеќе не може да се формира ниедна идна влада“, изјавил тој по средбата со раководствата на партиите. До распуштањето на парламентот пратениците, според Плевнелиев, сакаат да усвојат важни закони за „поддршка на банкарскиот систем“. Граѓаните не мораат да стравуваат за своите заштеди. Нивните влогови, како што рече, се гарантирани. „Банките нормално ќе продолжат да работат“, изјави претседателот на државата.

Бугарскиот претседател сака да го распушти парламентот поради владината криза во земјата. Преодна влада треба да ги подготви предвремените избори. Парламентарците со закони треба да го стабилизираат банкарскиот систем.