
Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Бразил, Неимар, призна дека доживеал голем стрес за време на осминафиналниот дуел против селекцијата на Чиле.
Благодарение на најмалку посакуваниот пенал-рулет, домаќинот на јубилејното 20. Светско првенство обезбеди пласман во 1/4 финалната рунда, а Неимар успешно го изведе ударот од белата точка во послдната, петта серија.
“Патевме многу на теренот. Се што се случуваше беа емоции. На овој натпревар доживеав се. Примив удари, имав грчеви во мускулите, шутирав многу важен пенал. Сега сакам само да се одморам”, напаѓачот на каталонскиот гигант Барселона.
Неимар и неговата дружива за противник во четвртфиналната рунда го добија незгодниот тим на Колумбија.