
Младите во Швајцарија извојуваа делумна победа во спорот околу правилата за облекување во училиштата кои ги принудуваат учениците да носат преголеми ткн „маички на срамот“, објави во четвртокот јавниот сервис SRF.
Учениците во некои училишта во Женева, град во француското говорно подрачје, биле принудени да носат неутрални маички доколку на часовите дојдат во облека која премногу откривала или на кои биле отсликани непристојни или навредливи мотиви и слогани.
Околу 50 ученици излегоа на улиците во средата и се спротиставија на училишната политика којашто, како што велат, не само што е понижувачка, туку е и сексистичка, бидејќи повеќе се однесува на девојчињата отколку на момчињата.
Фунционерката во градската власт на Женева задолжена за образованието, Ан Емери-Торасинта, признала во радио интервју во средата вечерта дека „маичките на срамот навистина стигматизираат“ и порача дека ќе го разгледа училишниот „дрес код“.
Сепак, додала дека учениците треба „примерно“ да се облекуваат за пристуствување на наставата во иднина, но тоа не го појаснила.