Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски денеска е прогласен за најдобар играч во Европа за претходната сезона.
Полскиот фудбалер зад себе има одлична сезона. Постигнуваше голови како на лента и го предводеше Баерн до пет трофеи во 2020. година.
Во гласањето зад него останаа неговиот соиграч Нојер и фудбалерот на Манчестер Сити, Де Брујне.
Вистинска штета е што оваа година нема да се доделува Златната топка. Нема дилеми дека Лева ќе беше голем фаворит и за оваа награда.
Левандовски награта ќе ја прими вечерва на свеченоста во текот на ждребот за групната фаза во ЛШ.