Дневен хороскоп за петок 2 октомври 2020 година

ОВЕН

Работа: Многу сте креативни и смислувате необични начини за решавање на работните проблеми.

Љубов: Имате нагласена потреба за блискост со партнерот и инсистирате врската да биде од интензивен тип.

Здравје: Главоболка.

БИК

Работа: Има одговорен, сериозен и детален пристап на работа. Ниту една ситница не може да ви „помине“.

Љубов: Партнерот е нервозен, а вие имате впечаток дека сака да се „истресе“ на вас.

Здравје: Минлива нервоза.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Се чувствувате неуспешно. Што и да пробате, имате впечаток дека работата не се мрднува од мртва точка.

Љубов: Го менувате односот кон партнерот. Почнувате непотребно да анализирате.

Здравје: Физички не сте лоши, но психолошки сте потонати.

РАК

Работа: Добивате нова понуда. Одлична е во работна смисла, но во финансиска незадоволувачка.

Љубов: Не сте задоволни од емотивната ситуација и неможноста да запознаете некоја интересна личност.

Здравје: Солидно.

ЛАВ

Работа: Упорно пробувате да ги постигнете целите. Препреки има премногу, и некои планови нема да ги остварите.

Љубов: Поволен ден за ново познанство кое поради двостраната пасивност нема да се развие.

Здравје: Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа: Имате лоша комуникација со колегите. Едвај се воздржувате да не избувнете и не кажете отворено што мислите.

Љубов: Во емотивно исчекување сте на нови случувања.

Здравје: Променливо расположение.

ВАГА

Работа: Ако се занимавате со приватна работа, размислувате за проширување на тимот. Имате одредена личност на ум.

Љубов: Го откажувате состанокот со партнерот затоа што не се чувствувате добро. Партнерот се грижи.

Здравје: Не сте расположени.

ШКОРПИЈА

Работа: Работата е во застој и имате впечаток дека баш ништо не може да направите по тоа прашање.

Љубов: Поволен ден за средба со партнерот. Тој ве разбира и ве поддржува, и имате впечаток дека без него не можете.

Здравје: Чувствителни коски.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Уживате во работата, полни сте со позитивна енергија, самоуверени и делува дека постигнувате успех со леснотија.

Љубов: Ако сте во брак, следува сериозен разговор со партнерот.

Здравје: Стабилно.

ЈАРЕЦ

Работа: Добивате нова работна понуда која не ви одговара во финансиска смисла. Без дилеми ја одбивате.

Љубов: Ако сте слободни, ве очекува познанство преку работа.

Здравје: Грлото е чувствително.

ВОДОЛИЈА

Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, се распрашувате што е потребно од документи за кредит.

Љубов: Ова поле не ве интересира.

Здравје: Внимавајте на главата.

РИБИ

Работа: Одлични сте на полето комуникација. Оставате културен впечаток, толерантни сте и се постигнувате на мирен начин.

Љубов: Не сте задоволни од односот на партнерот кој варира.

Здравје: Одлично здравје.