АНАЛИЗА: Проширување на чадорот на НАТО над Црна Гора и Македонија

Во реакција на Московската агресија врз Украина, американскиот претседател Барак Обама ги увери членките на НАТО Полска, Литванија, Латвија и Естонија дека имаат цврста поддршка од САД, но тој покажа малку наклонетост да се демонстрира потребното лидерство со поставување на уште еден интегрален елемент од политиката на НАТО во агендата на септемврискиот самит во Кардиф – проширување на алијансата.

Двоумењето на Обама, коешто му дозволи на генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмунсен, да го одложи проширувањето за следната година, е немудро и непотребно.

Проширувањето на НАТО, дволиниски напор кој се протега низ административните позиции на Клинтон, Буш и Обама, беше една од најуспешните американски надворешни политики во изминатите две декади. Како резултат на приклучувањето на земјите блиски до САД во НАТО, повеќе од 100 милиони луѓе во повеќе од 12 земји од Албанија до Естонија во Централна и Источна Европа можат мирно да ги избираат своите влади и да ги градат своите национални приоритети без страв од надворешна инвазија. Понатаму, алијансата имаше бенефит од новите членки во мисиите во Авганистан и на другите мисии, иакосамо неколку од нив трошат најмалку 2 отсто од БДП на одбрана, како таргет поставен од НАТО. Соочувајќи се со Московските акции кои ја дестабилизираа Украина, можеме само да го замислиме расположението на Балтичките земји и Полска доколку не беа заштитувани од гаранцијата за заедничка одбрана на НАТО.

Две балкански земји- Македонија и Црна Гора – се спремни и имаат волја, но досега немаа можност да се приклучат во НАТО. Далеку на север про-НАТО расположението во две нордиски земји расте. Финскиот премиер, Александар Стаб, е гласноговорник на оваа идеја за приклучување кон НАТО, а Хелсинки неодамна потпиша широкоопфатен меморандум за разбирање со Алијансата.  Позицијата на Стаб го рефлектира широко распротранетото верување во Финска дека Руската инвазија на Украина ја загрозила безбедноста на земјата. Слични шанси исто така се зголемуваат и во Шведска, пријателска членка на Европската Унија. Двете земји се партнери на НАТО, кои земаа учество во мисиите во Босна и во Косово и испратија контингенти во Авганистан, каде што имаа загуби во битките.

Проширувањето е периферно прашање. Во северноатлантскиот доовор создаден во април 1949 година кога еформирано НАТО, проширувањето е зацртано како фундаментален елемент. Во член 10 се утврдува дека со едногласен договор Алијансата може да покани за членство „било која друга европска држава во позиција да ги унапреди принципите на овој договор и да придонесе за безбедноста на северноатлантската област“.

Сепак, во неколку европски престолнини постои неподготвеност да  се продолжи со натамошно проширување, принципиелно заради страв од Руското дејствување, коешто рутински е насочено против аијансата, вообичаено преку вклучување на Украина, иако Киев повеќе не е заинтересиран за членство.

Случај А е случајот на малечката Црна Гора, нашироко сметана за квалификувана да се приклучи, бидејќи успешно ги има реорганизирано безбедносните служби и за тоа е сертифицирана од ЦИА. Вклучувањето на Црна Гора би го припоило целиот Медитерански брег во НАТО територија, од Турција до Шпанија. Сепак, минатата недела во Брисел, Расмунсен изјави дека алијансата нема да го разгледува прашањето за членство на Црна Гора до 2015 година, со реторички обид да го ублаши ударот додавајќи „ниедна трета земја нема вето врз проширувањето на НАТО“.

Македонија беше сертфицирана од алијансата како квалификувана за членство пред шест години, но беше блокирана со вето од страна на Грција заради преговорите околу уставното име. Намерата де  факто да е членка на НАТО, Македонија ентузијастички учествува во операциите на НАТО. Нејзиниот континг ент беше најброен во Авганистан, споредено според бројот на жители на земјата, кадешто трупите покажаа  одлични резултати.

Грузија, го одби шестмесечниот акциски план за зачленување во НАТО пред шест години на самит на НАТО, сега се надева да добие покана на самитот во Кардиф. Клучните Европски сојузници, трауматизирани од Руско-Грузиската војна во 2008 година, ја блокираат, а членувањто нс Тбилиси изгледа заглавно и покрај успешното имплементирање на цивилните и воените реформи. Грузија ќе треба да се задоволи со пакет помош.

Во 1990-тите, Руските лидери, психолошки ранети од колапсот на Советската империја, се спротивставија на идејата за поранепните сојузници на Варшавскиот пакт да се приклучуваат на НАТо алијансата, но рационална дискусија беше возможнабидејќи знаеја дека западната алијанса немаше офанзивни намери. Со издигнувањето на Владимир Путин, кому му е потребен надворепен непријател за да  ги оправда авторитарните домашни политики, се покрена анти-НАТО пропагандата. Кремљ рутински ја протуркува приказната дека НАТО има ветување кон Русија дека нема да се проширува, мит кој е оспоруван од многумина.

Дури и постриктни економски санкции, Вашингтон можеби нема да биде во можност да го врати процесот превземен во Украина од руската страна. Ќе има поместување во негативните геополитички последици доколку Москва ги турне НАТО во напуштање на една од своите основни мисии. И покрај изјавата на Расмунсен, администрацијата на Обама сеуште има време да го направи самитот во Кардиф самит на проширување со тоа што ќе ги убеди останатите скептични Европски сојузници да се сложат да се направи проширување на членството за Црна Гора и да се изврши притисок на двете страни Македонија и Грција да компромитираат за прашањето за името.

Влегувањето на Црна Гора и Македонија во НАТО би било опиплив доказ дека членот 10 е сеуште жив и ќе демонстрира дека Москва не практикува скриено вето за членувањето во Алијансата, а и ќе ги охрабри останатите аспиранти како Финска и Шведска со тоа што конечно ќе се покаже дека вратата за проширување останува отворена, пишува Мајкл Халцел, виш соработник во Центарот за Трансатлантски релации при универзитот „Џонс Хопкинс“ за „Вашингтон Пост“.