Освен учениците, компјутери за онлајн настава немаат ниту наставниците. За овој проблем до независниот синдикат за образование и наука се пожалиле над 500 наставници ширум земјава. Дел од нив, реагирале и дека компјутерите им се зафатени, бидејќи, на нив учеле нивните деца.
Гиевски тврди дека извесен период бараат средба со министерката Мила Царовска, но до сега одговор не добиле. Сметаат дека надлежните имале доволно време да обезбедат функционална настава.
Министерката вели дека најголем дел од наставниците веќе се согласиле да предаваат од своите комјутери. Посочи дека сега е време на солидарност.
На вториот училишен ден министерката информира дека наставата успешно ја следат најголем дел од учениците во државата. Дел он лајн, дел со физичко присуство. Според однапред објавените распореди, се емитуваат и часовите на Националната радио телевизија.