
Во невремето кое го зафати северозападот на Италија каде обилните врнежи предизвкале ненадеен пораст на водостоите, најмалку едно лице смртно настрадало, а единаесет се исчезнати, според прелиминатните податоци на локалните власти објавени во саботата.
Пожарникар волонтер загинал во текот на интервенцијата во Вале д’Аоста на северот од Италија, според податоците на Службата за цивилна заштита.
Единаесет лица се сметаат за исчезнати во Пиемонт кад многу села во кои водата ги уништила иулиците и куќите се отсечени од светот, објави регионто во соопштение во кое предупредува на „крајно критична ситуација“.
Десет лица се водат како исчезнати во покраината Кунео. Потрагите по нив траат во Италија, но и во соседна Франција во департманот Маритим Алпи.
„Ситуацијата е драматична. Сто педесет попжарникари од ноќта работата на падините на Тенда, до каде патиштата се затворени“, изјави претставникот на противпожарната служба на Кунео, пренесува агенцијата ANSA.
Се претпоставува дека станува збор за група Италијанци, меѓу четворица и шестмина, кои исчезначе во долината Роја. Единаесеттото лице исчезнало отккако неговото возило паднало во реката Сесиа.
Обилните дождови кои врнат од петокот попладнето во оваа покраина која грничи со Франција предизвикаа поплави, одрони и материјални штето, оштетени се инфраструктурата и куќи, особено мостови. Најпогодени се областите на сливовите на рекоте Танаро, Точем, Биелеса и Сесиа.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте рече дека е по во постојан контакт со челникот на Цивилната заштите, Анџело Борели.