Најмалку 15 загинале а десетици други се ранети во експлозија на камион-бомба во источната авганистанска покраина Нангахар за кој се осомничени радикалните исламисти, во моментите кога во катарска Доха се вода мировни преговори кои треба да стават крај на децениските судири меѓу владата во Кабул и талибаните.
Покраинските функционери кои ги соопштиле податоците за жртвите , истакнале дака очекуваат да има повече, а станува збор за главно цивилно население. Во експлозијата се повредени најмалку 52 лица.
Нападот се случил на влезот од административен комплекс во кој имало и некои воени објекти во областа Гани Кел во покраината Нангахар во саботата,
„Возилото бомба беше активирано на влезот од зградата на штабот на округот. Неколку вооружени наоашачи се обида да влезат во зградата по нападот, но беа убиени од безбедносните сили“, изјавил за AFP, портпарокот на покраинскиот гувернер, Атаулах Хогјани.
Засега ниедна од радикалните фракции кои дејствуваат во Авганистан не ја презема одговорноста за овој напад, но портпаролот на покраинската полиција Фарид Кан ги обвинил талибаните кои заедно со авганистанското крило на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава се силно присутни во немирниот регион.
Последните неколку седмици талибаните изведуваа речиси секојдневни напади врз пропадниците на авганистанските безбедносни сили ширум земјата. Според министерството за внатрешни работи, последните две седмици талибаните извеле 650 напади во кои загинале 69 цивили, а повредено е 141 лице.
Министерството за внатрешни работи објави на Twitter дека авганистанските сили убиле еден важен пропадник на талибаните и уапсеиле уште петмина во петокот ноќта во северната покраина Балк.
Преговарачите на авганистанската влада преговраат со талибанските политички претставници во Доха во обидот да се запре судирот, но повикот на владата во Кабул и на меѓународната заедница на прекин на огнот и намалување на насилствата досега не дадода резултати.