
Асоцијацијата на Ивент Индустријата ИВАП, каде членуваат компании вклучени во индустријата за организација на настани, рентал компании, видео-аудио продукции, јавно упати реакција за дел од угостителските објекти кои ги кршат протоколите и препораките за заштита од ковид-19.
Реакцијата ја објавуваме интегрално:
Оттаму прашуваат, зошто не се спречи организирање музички настани без почитување протоколи, туку отпосле се пишуваат казни и се поднесуваат кривични пријави за кои никој не знае дали имаат завршница.
„Дали Владата е свесна дека со премолчувањето и несанкционирањето на ваквите појави директно влијае на уништување на цела една индустрија во државава, а тоа се организаторите на настани, промоторите, културните работници? Зошто Владата и надлежните доволуваат за некого да се мајка а за некого маќеа? По кој член од протоколот за организација на настани работат угостителските објекти? Зошто на културните настани е дозволено само седење и со 30% исполнетост на капацитетот а во угостителските објекти овие правила не важат? Имаме право, како Асоцијација да знаеме како се исплатени хонорарите на странските артисти кои настапуваа изминатиов период и дали и каде е платен персоналниот данок? Дали се пријавуваат влезници за настаните и дали за нив е платен ЗАМП од 10%? Дали и како се продаваат влезници и дали за нив е платен ДДВ од 18% Дали и колку се издаваат фискални сметки на пијалоците за време на овие настани? Дали угостителскиот сектор, кој Владата го декларираше како најзагрозен станува најзагрозувачки“, прашуваат од ИВАП.