
Премиерот Зоран Заев објави дека во четвртиот антикризен пакет мерки се спредвидени помош и поддршка за туризмот како една од најпогодените гранки во периодот на епидемијата.
Во четвртиот пакет предвидени се следните економски мерки:
-Поддршка со плати за туристичките водичи – на 150 регистрирани туристички водичи за октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари, во вредност до 160.000 евра.
-Поврат на туристичката такса за 2019 година – на 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година.
-Грантови за туристички агенции – за 500 туристички агенции обезбедени се грантови во висина од 3.000 до 7.000, во вкупна вредност од 1,9 милиони евра, во зависност од бројот на вработени, од вкупниот промет во 2019 година и од тоа дали се носители на А или Б лиценца.
Во објавата на Фејсбук премиерот Заев пишува дека новиот пакет има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, како и да закрепне одредени дејности.