
Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги откажа сите денешни обврски и беше тестиран за новиот коронавирус, откако беше утврдено дека негов неименуван близок колега бил позитивен на ковид-19, изјави денеска неговиот портпарол.
Вицеканцеларот Вернер Коглер ги презеде истите мерки на претпазливост, а исто така е тестиран и персоналот на Себастијан Курц, рече портпаролот, додавајќи дека Курц не е во карантин.
Курц и Коглер последен пат контактирале со неименуваниот колега во средата, јавија австриски медиуми.