1.8 C
Skopje
понеделник, декември 2, 2024

20% од учениците сѐ уште имаат проблем со онлајн наставата

Дваесет проценти од училиштата сѐ уште имаат проблем со онлајн наставата. Немаат пристап до Интернет, ниту пак ги имаат потребните уреди за да држат предавања од далечина. Ова денеска го потврди и министерката за образование и наука, која вели дека проблемите се решаваат тековно.

Сепак Владата се правда дека и во развиените земји добрите резултати кај учениците не биле резултат на технологијата туку на квалитетниот наставен кадар.

За недостатокот од кадар кај нас пак Царовска вели дека тоа е во надлежност на локалните власти. Таму каде што ќе нема доволен број на наставници општините можат да вработат наставници на одредено време.

„Општините имаат можност по итни и неодолжни постапки веднаш да ангажираат до три месеци наставници и тоа ќе се случува затоа што навистина е потребно во училиштата да има доволно наставен кадар за да ја реализираме квалитетно оваа учебна година.“ – вели царовска.

Неизвесноста и одлуките во последен момент за текот на образовниот процес од страна на Владата им донесе главоболки и на самите наставници. Дел од нив за ТВ 24 велат дека епидемијата ги исфрли на површина недостатоците и проблемите кои со години наназад се таложат во образованието.

„Сега кога треба да го трансформираме начинот на предавање во оналјн, проблемот со кој што се соочивме како наставници е немањето на соодветни дигитални уреди, застарена технологија, слаба конекција со Интернет – тоа ни е најслабата точка и најголемата болка на сите настаивници и се надевам дека наскоро ќе се надмине и ќе биде се како што треба.“ – вели – Александра Блажевска, наставничка во основно училиште.

„Можеби треба да се прашаме и што е со количината на знаења, анализите и ПИСА тестовите кои низ неколкуте последни циклуси на проверка покажуваат катастрофални резултати, така што прашањето е колку навистина учениците и досега учеле во училишните клупи. Прашањето е многу комплексно.“ – вели Елизабаета Секирарска, наставничка во средно училиште.

Владата одлучи наставата во поголем дел од државава да се одвива онлајн поради состојбата со коронавирусот и покрај тоа што голем дел од учениците и родителите сакаа физичка настава.

Во над 600 улилишта учениците седнаа во училишните клупи, а во меѓувреме Комисијата дала дозвола за уште дестетина училишта да почнат со физичка настава.

Денеска пак се одбележува светскиот ден на просветните работници, годинава за прв пат во услови на пандемија. По тој повод денеска преку поставување на столчиња со училишни ранци на плоштадот во Скопје се оддаде признание и благодарност на наставниците и од страна на Премиерот и од ресорната министерка.

Наставниците пак порачаа крајно време е да се врати достоинството на просветните работници во земјава.