![federiko kieza](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/federiko-kieza.jpg?resize=696%2C462&ssl=1)
Младиот 22-годишен напаѓал Федерико Киеза ја напушти Фиорентина за да ја продолжи кариерата во редовите на најтрофејниот италијански клуб Јувентус.
Ниту „Старата дама“ ниту „Виолите“ сѐ уште официјално не го потврдија трансферот, меѓутоа на веб-страницата на Серија А стои дека Јувентус го пријавил договорот на играчот, што значи дека зделката е склучена.
Според Sky Sport, италијанскиот крилен напаѓач му се придружил на тимот на Јувентус на позајмица со можност за откуп за 50 милиони евра,
Киеза целата досегашна кариера ја мина во Фиорентина за која одигра 153 натпревари во кои постигна 34 голови.
Од друга страна, Јувентус официјално објави дека бекот Матија Де Шиљо се преселил на позајмица во Олимпик Лион. Де Шиљо во Торино мина три сезони, а пред тоа шест години играше за Милан. За Јуве впиша вкупно 62 настапи и постигна еден погодок.