
Американскиот преседател Доналд Трамп изјави дека се чувствува „многу добри“ и дека во понеделникот подоцна ќе излезе од воената болница во која се лекува од Covid-19, и покрај бранот коронаинфекции кој ја заплисна Белата куќа четири седмици пред претседателските избори.
Трамп, кој во петокот објави дека е заразен и подоцна истиот ден беше префрлен во научно-медицинскиот центар на воената морнарица „Валтер Рид“ крај Вашингтон, објави дека болницата ќе ја напушти во 6,30 часот по локално време, или половина час по полноќ по македонско време.
„Во 6,30 часот излегувам од прекрасната болница ‘Валтер Рид’. Се чувствувам многу добро! Не плашете се од Covid-19. Не дозволувајте да ви го управува животот. Под администрацијата на Трамп развивме одлични лекови и стекнавме одлични знаења. Се чувствувам подобро отколку пред 20 години“, напиша Трамп на Twitter.
Седумдесет и четиригодишниот републикански претседател имал висока температура и добивал кислород порад намалувањето на нивото на кислородот во крвта во петокот, потврдија неговиот лекар Шон Конли.
Лекарите му давале стероди „дексаметазон“ кој вообичаено се дава тешки форми на болеста. Конли потврди дека Трамп го добива антивирусениот лек „ремдесивир“, потоа експерименталниот препарат за антитела „Regeneron’s REGN-COV2“, како и цинк, витамин Д, фамотидин, меатонин и „аспирин“.
Според некои американски медиуми, Трамп бил позитивен уште во четвртокот пред гостувањето во Fox News и го чекал резултатот од повторниот контролен тест. Минатата седмица не сакал да оди во болница и одвај чекал да излезе, рекол упатен извор за агенцијата Reuters.
Во меѓувреме портпаролката на Белата куќа, Кајли Мекинени обајви дека е тестирана и дека е позитивна на Covid-19, три дена по хоспитализирањето на Трамп. За неа велат дека повеќепати без маска наводно ги брифирала новинарите акредитирани во претседателската резиденција. Вирусот, по претседателот и неговата сопруга Меланија, ја погоди и неговата блиска советничка Хоуп Хикс и неколку други членови на неговиот тим.
Американската телевизиска мрежа ABC News, повикувајќи се на свои извори, објави дека личниот асистент на претседателот Трамп, Ник Луна, исто така се заразил со коронавирусот. Последните денови коронавирусот е дијагностициран и кај поранешен советник на Трамп, Келијан Конвеј, кај тројца сенатори републиканци, кај претседателката на Националниот комитет на Републиканската партија, Рона Мекданиел, менаџерот на кампата на претседателот Вилијам Степин, како и кај тројца новинари акредитирани во Белата куќа.