Мотоциклист тешко повреден во судир со два автомобили

Два автомобила и еден мотоцикл учествувале во сообраќајна несреќа која во понеелникот се случила околу 22,40 часот на улицата „Јужноморавски Бригади“ во Скопје.

Во несреќата учествувале „ситроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 30-годишниот Б.К. од Скопје,  „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот А.И. од селото Црешево, скопско и мотоцикл „јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 34-годишниот В.Н. од Скопје.

-о незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.