Вакцината против ковид-19 може да биде готова до крајот на годината, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација, без да наведе детали.
“Ќе ни треба вакцината и постои можност да ја имаме до крајот на годината. Се надеваме дека ќе биде така”, рече Тедрос во заклучокот од состанокот на извршниот комитет на СЗО посветен на глобалниот одговор на пандемијата.
Девет експериментални вакцини се дел од иницијативата на СЗО „Ковакс“, која што планира да дистрибуира 2 милијарди дози до крајот на 2021 година.
Досега, 168 земји се приклучиле на иницијативата, но Кина, САД и Русија не се меѓу нив. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е склона кон билатерални договори за набавка на вакцини од производителите.
„Потребни сме едни на други, потребна ни е солидарност и мора да се бориме против вирусот со сите сили“, рече Тедрос.