ССМ: Владините политики мора да се насочени кон работниците и граѓаните

Работниците и граѓаните мора да се во центарот на интерес на сите владини политики, порачува Сојузот на синдикати на Македонија по повод Светскиот ден за пристојна работа – 7 Октомври.

– ССМ сите свои капацитети ги насочува во правец на преземање на активности и мерки за обезбедување на пристојна работа за сите, а тоа значи работа која вклучува заштитата на здравјето и животот на луѓето, реални и одржливи работни места, заработувачка која ќе гарантира егзистенцијална стабилност, социјална сигурност, родова еднаквост, почитување на човековите права без дискриминација и здрава животна средина – се наведува во соопштението од ССМ.

Синдикатот најавува дека во следниот период своите активности ќе ги насочи кон реализација на мотото избрано од страна на меѓународните синдикални организации – „Нов социјален договор за закрепнување и издржливост“.

МИА