
Сите американски борбени единици во Авганистан би требало „да се вратат дома до Божик“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во средата, неколку часа откако неговиот советник за национална безбедност реше дека САД ќе го намалат бројот на војниците во Авганистан на 2.500 лица.
Со договорот меѓу Вашигнтон и талибаните од февруари годинава, кој се смета за пресвртница во најдолгата војна којашто САД ја воделе во историјата, се предвидува дека странските сили треба да го напуштат Авганистан до мај 2021 година во замена за талибанското ветување дека територијата на земјата нема да биде користена за изведување или каква и да е подготовка на терористички напади против американските и сојузничките интереси. Исто така, со договорот во Доха беше договорена и поддршка на преговорите меѓу талибаните и владата во Кабул за траен прекин на огнот и поделба на власта.
Претходно Трамп и другите американски функционери изјавија дека САД околу ноември ќе го намали речиси за двојно бројот на војниците, меѓу 4.000 и 5.000. Покрај тоа, предупредија дека намалувањето на трупите ќе зависи од безбедносните услови во Авганистан.
„Преостанатиот мал број храбри жени и мажи кои служат во Авганистан би требало да се вратат дома до Божик“, напиша американскиот претседател на Twitter.
Трамп, кој на 3-ти ноември ќе се бори за вториот претседателски мандат, претходно во неколку прилики зборуваше дека ќе ги сопре „бесмислените бескрајни војни“ кои ги водат САД во странство и дека нема намера од земјата да направи „светски полицаец“. Тоа е еден од фокусите на неговата надворешна политика, но сепак и покрај критиките повлече дел од силите во Ирак, Сирија и Авганистан, каде сѐ уште има присустви на американски единици на стратешки места. Но опозициските демократи најавуваат дека овој план сигурно ќе биде преиспитан доколку на претседателски избори на 3-ти ноември победи нивниот кандидат Џо Бајден.
Само неколку часа пред твитот на Трамп, неговиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан рече дека САД во моментов имаат помалку од 5.000 војници во Авганистан, како и дека до почетокот на мај оваа бројка ќе биде намалена до 2.500 војници.
„Во крајна линија, Авганистанците ќе мора самите да направат мировниот договор да профункционира… Тоа ќе биде бавен процес, ќе биде тежок процес, но мислиме дека тоа е неизбежен чекор, мислиме дека Американците треба да се вратат дома“, изјави О’Брајан во настапот на Универзитот Невада во Лас Вегас.
Додека преговорите меѓу двете авганистански страни се водат во катарската престолнина Доха, во земјата и натаму се интензивни судирите меѓу авганистанските безбедносни сили и талбинаските милитенати. Минатата седмица, исто така, во Авганистан во судири и терористички напади страдаа десетици цивили.
Во средатрра исто така се одбележа и 19 години откако САД и сојузничката коалиција предводена од НАТО извшија инвезија врз Авганистан, со која беше соборена владата на радикалното исламистичко движење Талибан, кое ѝ даваше засолниште на теорристичката мрежа Ал Каеда која ги изведе најголемите терористички напади на американска територија на 11-ти септември 2001 година, во кои загинаа околу 3.000 луѓе. Во борбите во Авганистан досега се убиени 2.400 американски војници, а илјадници се ранети.